Очајниот портпарол на Трамп си заминува од Белата куќа
Шон Спајсер повеќе нема да биде портпарол на Доналд Трамп и нема да ги води дневните брифинзи со новинарите во Белата куќа.
Спајсер е најочајниот портпарол во поновата историја на САД, често се караше со новинарите на прес брифинзите, не можеше да даде конкретни одговори за скандалите на Трамп, неспретно и неспособно ги пренесуваше пораките, а често правеше глупави лапсуси што беше доволна причина мејнстрим медиумите да се исмеваат со него.
„Во име на својата администрација и американскиот народ, му благодарам на Шон за неговата работа. Му посакувам натамошен успех, сега кога оди кон нови предизвици. Само погледајте ги неговите сјајни телевизиски рејтинзи“, изјави Трамп преку соопштение, што го прочита новата портпаролка на Белата куќа, Сара Сендер која го менува Спајсер.
Се шпекулираше дека Спајсер бил на раб на нервен слом па така во последниот месец воопшто не се појавуваше на прес конференциите во Белата куќа, а одбегнуваше да одговара и на новинарски прашања.
Ентони Скарамучи ќе биде нов прес офицер задолжен за односите со јавноста на Белата куќа што е речиси целосна промена на комуникацискиот тим на Трамп кој само 6 месеци е претседател на САД,а веќе бројни функционери мораа да си поднесат оставки.
Х.С.
