Очајнички потег на Берлускони?!
Силвио Берлускони ja сврте за 180 степенисвојата позиција и на крајот ја поддржа владата на Енрико Лета во денешното гласање за доверба , пренесе АП. На крајот Сенатот го поддржа Лета со 235 гласа „за“ , 70 „против“ и 14 „воздржани“ .
Ова покажува дека медиумскиот магнат всушност сфаќа дека останува во позадина во неговата сопствена партија, поради дебатите во Сенатот дека треба да се тргне од од политичката сцена поради казната за даночни измамикоја тој ја доби во август, забележуваат агенциите.
Берлускони , кој три пати беше премиер на Италија , неочекувано гласаше за Лета. Пред неколку часа лидерот на десничарската партија на слободата повикуваше на предвремени избори и се закануваше дека ќе ја собори владата , а пред неколку дена ги повлече своите министри од кабинетот.
„Италија има потреба од влада, која ќе спроведува структурни и институционални реформи со кои земјата има потреба да се модернизира. Решивме , не без внатрешни спорови дека сепак ќе ја поддржиме Владата“ , изјави Берлускони.
Претходно неколку од неговите најблиски соработници отворено се спротивставија на неговите обиди да ја собори владата и да предизвика предвремени избори . Некои од нив отворено ја опишаа неговата реакција како очајнички потег да продолжи политичкиот живот.
Во говорот пред Сенатот премиерот на Италија Енрико Лета го окарактеризира петмесечното управување како успешно и истакна дека главни се плановите на владата за ревитализација на економијата и намалувањето на рекордната невработеност . Тој предупреди пратениците дека од нив зависи дали земјата ќе се соочи со „фатален ризик" .
„Дајте ни ја вашата доверба , за да ги оствариме овие цели. Дајте ни доверба поради сè што постигнавме . Гласањето за доверба не е против некого , туку е поддршка на Италија и Италијанците " , повика Енрико лета.
По гласањето Енрико Лета изјави дека ова бил "историски ден за италијанската демократија " .
Слично
