Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНУВАЊЕ: САД тврдат дека Кина со причина го криела вирусот

ОБВИНУВАЊЕ: САД тврдат дека Кина со причина го криела вирусот

Уште едно обвинување е упатено на адреса на Кина. 

Кинеската влада намерно ја прикривала сериозноста на коронавирусот од меѓународната заедница додека складирала увезена стока и го намалувала извозот, се вели во извештајот на американскиот Уред за национална безбедност, според официјален претставник на администрацијата запознаен со извештајот, пренесе Си-ен-ен.

Извештајот се појавил во петокот и циркулирал во американската влада.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера рече дека Кина се трудела да сокрие колку вирусот се проширил што вклучува и криење на тоа во колку количини акумулирале медицински залихи.

Помпео вели дека претседателот Доналд Трамп бил прилично јасен, дека Соединетите Американски Држави ќе утврдат кој е виновен и ќе ги повика виновниците на одговорност.

Пред извесен период имаше обвинувања дека Кина го криела бројот на жртви и дека тој бил поголем од официјалниот. 

Слично

Поврзани вести