Обвинителството објави каква казна ќе бара за убиецот на Чарли Кирк
Обвинителството побара смртна казна за убиецот на Чарли Кирк.
Тајлер Робинсон (22) е обвинет за убиството на десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк (31), кого го застрела на митинг минатата среда.
Робинсон, по потекло од Вашингтон, Јута, денеска се појави на суд, обвинет за тешко убиство и попречување на правдата.
Според обвинението, 22-годишникот наводно му наредил на својот цимер да ги избрише „инкриминирачките пораки“ за злосторството по убиството и да „молчи“ доколку биде испрашуван од полицијата.
Кирк, политички активист и близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп е убиен на еден од неговите митинзи на Универзитетот Јута Вали. Почина откако убиецот го застрела во вратот.
Слично
