Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинители од Франција отворија неколку истраги за воени злосторства во Украина

Обвинители од Франција отворија неколку истраги за воени злосторства во Украина

Франција почна истрага за воени злосторства во Украина против француски државјани. 

Француските антитерористички обвинители денеска почнаа три истраги. Tие истражуваат можни злосторства извршени во украинските градови Мариупол, Гостомел и Чернихив меѓу 24 февруари и 16 март, oбјави Блумберг. Француските обвинители во март отворија уште една истрага за воени злосторства, откако француско-ирски новинар загина во Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон за масакрот во Буча рече дека Русите ќе мора да одговараат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека страшни воени злосторства се извршени не само во Буча, туку и во други градови во Украина. Вели дека руските војници убивале цели семејства, сечеле екстремитети од телата на цивилите, ги палеле. 

Photographer: Dimitar Dilkoff/AFP/Getty Images

Слично

Поврзани вести