ОБСЕ: Нема потврда за присуство на руски војници во Украина
Клаус Циликенс, шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ за истокот на Украина тврди дека нема никакви докази за присуство на руски војници во Украина, вклучувајќи го и регионот Доњецк.
Медиумските извештаи за жртвите во судирите во источниот украински регион Доњецк често не можат да бидат потврдени, вели тој.
- Нашето искуство од изминатите четири седмици покажа дека во тие гласини или некој пат медиумски извештаи, има претерувања за жртвите и на крајот се покажува дека станува збор за помали бројки, рече Клаус.
Шефот на ОБСЕ потврди дека имало само една жртва во Мариупољ. Мисијата на ОБСЕ во Украина сепак нема информации за точниот број на жртви во судирите во Украина.
Слично
