Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБСЕ не го потврдува повлекувањето на оружјето во Укрина

ОБСЕ не го потврдува повлекувањето на оружјето во Укрина

Член на мониторинг групата ОБСЕ во Украина Александар Хаг го поздрави повлекувањето на тешкото наоружувањето од истокот на земјата во која војната трае речиси година дена.

Сепак тој наведува дека ОБСЕ не добил информација за тоа каде се одлага повлеченото отужје и истакнал дека организацијата не може да потврди дека тоа навистина се случува. „Ги бараме точките од каде се повлекува оружјето и местото на кое истото завршува. Би требало наскоро да ги добиеме тие информации кои нема да ги објавуваме, но тогаш ќе можеме со сигурност да кажеме дека оружјето се повлекува“, наведува Хаг. Тој истакнал дека ОБСЕ не наметнува услови, туку дека тие се одамна јасни. „Се што е договорено со спогодбата во Минск е јасно, а ние имаме мандат да го нагледуваме спроведувањето и што прават воздушните страни по тоа прашање“, додал Хаг. Процесот на повлекување на тешка артилерија од првите линии на фронтот во источна Украина би требало да биде завршен до март, а претставници на ДНР истакнале дека бунтовниците повлекле 90% од своето оружје.
Слично

Поврзани вести