Облеката од „Зара“со опасни хемикалии?
Oд еколошката организација Гринпис откриле хемикалии опасни по здравјето на луѓето во облеката на „Зара“, „Метерсбонви“, „Келвин Клајн“ и „Левис“.Организација истражила најмалку 20 светски модни брендови и тестирала 141 парче облека. Сите производи се тестирани на нонилфенол етоксилати кои се штетни за хормонскиот систем. Исто така дел од производите се тестирани и на канцерогените амини од т.н. азо бои. Станува збор за хемикалии, кои се штетни за човековот здравје и за животната средина, пишува хрватскиот весник „Нови лист“.
Во дел од производите на Зара се пронајдени фталати, траги на канцерогените амини, покажале резулатите од истражувањето.
Гринпис побара од тие компании да не ги третираат ткаеинините со опасни хемикалии. Компаниите како Зара ги игнорираат апелите за промени, предупредува Гринпис.
Слично
