ОБЛЕЧЕТЕ СЕ ТОПЛО, ВО СЛОЕВИ, КАКО ЗЕЛКА - еве кои се советите за сибирскиот најстуден град каде температурите паднаа под 50 степени
Температурите во сибирскиот Јакутск, најстудениот град во светот, деновиве се спуштија до минус 50 степени Целзиусови.
- Само облечете се топло. Во слоеви, како зелка - советуваат продавачите од градскиот рибен пазар, чија стока е замрзната и без фрижидери и замрзнувачи.
Во зима, Јакутск е најстудениот од сите поголеми градови (над 100.000 жители) во светот. Градот е блиску до најстуденото населено место на Земјата, Ојмјакон.
Во Јакутија преовладуваат екстремни климатски услови. За да се издржат притисоците на зимските услови, повеќето куќи во Јакутск се изградени на бетонски темели. За да се дојде до течна вода, потребно е да се издупчат неколку стотици метри длабочина. Најголем дел од водата за потребите на градот се зема од реката Лена. Многу мотори се оставени да работат цела ноќ, бидејќи ако застанат на минус 50 степени, нема да можат да се запалат, според Википедија.
Јануари е најстудениот месец во Јакутск со просечна температура од -43,2 степени. Во лето температурите често се искачуваат до над 30 степени (евидентирани се и максимални +38 степени Целзиусови). Просечната температура во јули е 18,8 степени.
Фото: Принтскрин
