Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБЈЕКТ ЗА НУКЛЕАРНИ ИСТРАЖУВАЊА ВО ХАРКОВ ПОГОДЕН ВО ГРАНАТИРАЊЕТО НА ГРАДОТ: Невозможно е да се процени штетата

ОБЈЕКТ ЗА НУКЛЕАРНИ ИСТРАЖУВАЊА ВО ХАРКОВ ПОГОДЕН ВО ГРАНАТИРАЊЕТО НА ГРАДОТ: Невозможно е да се процени штетата

Украинското тело за нуклеарни прашања соопшти дека објектот за нуклеарни истражувања во Харков повторно бил погоден во руското гранатирање, а поради борбите што се водат, невозможно е да се процени штетата.

Државниот нуклеарен регулаторен инспекторат соопшти дека експерименталниот објект на Институтот за физика и технологија во Харков вчера бил опожарен. Украинските власти претходно известија дека зградите во таа институција во Харков биле оштетени во руските артилериски напади, но дека немало истекување на радијација. Новоизградениот објект е наменет за истражување и производство на радио изотопи за медицински и индустриски потреби.

Меѓународната агенција за атомска енергија претходно соопшти дека нуклеарниот материјал во тој објект е секогаш под критичното ниво и дека количината на радиоактивен материјал е многу мала, што го намалува ризикот од истекување на радиоактивни материи.

Харков е под опсада на руските сили од почетокот на инвазијата пред повеќе од еден месец, а станбените згради и клучната инфраструктура се под постојан напад.

ИЗВОР: Beta

Слично

Поврзани вести