Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавено е колку луѓе загинаа во Украина

Објавено е колку луѓе загинаа во Украина

57 луѓе загинаа, а 169 се ранети откако Русија денеска изврши напад врз Украина. Податоците ги соопшти министерот за здравство на Украина, Виктор Љашко.

„Во тие бројки се вклучени војници и цивили“, изјави Љашко.

Тој додаде дека и болниците и здравствените работници биле погодени од рускиот напад. 

„Жртви има и меѓу здравствените работници“, изјави украинскиот министер.

Заменик-министерот за одбрана изјави дека силното руско гранатирање се уште трае во источниот регион на Доњецк, пренесе Ројтерс. Досега 100.000 луѓе се евакуирале од Украина.

Слично

Поврзани вести