ОБЈАВЕНА MAПАТА НА ИНВАЗИЈАТА ВРЗ УКРАИНА-ТЕНКОВИ НАВЛЕГУВААТ КОН КИЕВ: Првата испалена ракета „Искандер“ од Белорусија
Руската армија
рано утринава во 4.35 часот ја започна инвазијата на Украина со лансирање
тактички балистички ракети од типот Искандер од Белорусија и југоисточниот дел
на Русија со синхронизирано дејство на крстаречки ракети истрелани од бродови и
подморници во Црното Море.
Украинските единици долж линијата на фронтот со ДНР и ЛНР беа нападнати. Прво беше уништена радарската база во близина на пристаништето Мариупол, а потоа на мета беа и базите на украинската морнарица и воените магацини. Во исто време, во близина на Одеса и Харков, каде што повеќецевни ракетни фрлачи од типот Смерч калибар 300 мм дејствуваа долж периферијата на градот.
За тоа време, неколку стратешки бомбардери Ту-95МС и Ту-160 полетаа од базата Енгелс во регионот Саратов, лансирајќи крстаречки ракети Кх-31 кон Лвов и Киев, од кои некои паднаа на градските улици во Киев.
Околу седум часот наутро комбинирана оклопна единица составена од Т-72М3, тенкови БМП-2, минофрлачи и еден куп оклопни транспортери МТ ЛБ влегле во правец на Белорусија и го продолжиле патувањето кон Украина и Киев.
Во првата фаза акцијата започна од Крим, каде на украинска територија се дејствуваше со минофрлачи, а потоа следеше продор на оклопни единици кон Одеса.
Втората фаза од војната започна околу пладне со масовно слетување на хеликоптери на аеродромот Гогомељ, а на реката Дњепар се појавија борбени хеликоптери Ми-35М и Ми-28, кои заштитуваа комбинирана единица оклопни возила и мини кои ја окупираа хидроцентралата.
Русија ја објави и веста дека украинската морнарица истрелала противбродски проектили врз два руски трговски брода во Азовското Море.
Според последните информации, руската армија продолжува со тенковското навлегување кон Киев.
