Објавена е мапа со земји кои ја осудија, но и оние кои ја поддржуваат Русија
Осуди од Западот, а руските соседи се неутрални, пишува Индекс.хр за руската инвазија на Украина.
Белорусија од чија територија Русија ја нападна Украина, ја поддржува Русија. Србија остана неутрална. Таа го поддржа територијалниот интегритет на Украина, но не и санкциите кон Русија. Остатокот на Европа е обединет против агресијата.
Осуди стигнаа и од Северна Америка, Австралија, Јапонија, Јужна Кореја, Непал, Грузија, дел од африканските и јужноамериканските земји. Русија ја има поддршката на Куба, Никарагва, Венецуела, Сирија, Иран, Северна Кореја и Мјанмар.
Руските соседи Казахстан и Монголија се неутрални. Кина е во истата група, и таа повика на мир, но одби инвазијата да ја нарече војна.
Слично
