ОБЈАВЕН ПЛАНОТ НА БАЈДЕН ЗА ПРОДАЖБА НА НАФТА - Претседателот сака да продаде 15 милиони барели американски резерви
Американскиот претседател Џо Бајден објави план за продажба на 15 милиони барели сурова нафта од американските резерви.
Бајден го објави планот две недели откако Организацијата на производители и извозници на нафта и нивните сојузници (OPEC Plus) постигнаа договор за големо намалување на дневното производство на нафта.
Целта на планот на американската администрација за користење на резервите е да се додаде доволно нафта на пазарот за да се спречи поскапување кое би им наштетило на потрошувачите и компаниите, а исто така треба да биде гаранција за домашните производители дека властите ќе реагираат како откупувач доколку цените се прениски.
Бајден се соочува со критики од републиканците дека ја повлекува нафтата од резервата поради политички причини.
На почетокот на годината Бајден донесе одлука да продаде 180 милиони барели од стратешките резерви како дел од борбата против потенцијалната криза во снабдувањето со нафта.
Бајден планира да ги надополни стратешките резерви во наредните години, но само доколку цените се во опсег од 67 до 72 долари лесна сурова нафта.
