Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обидите за подмитување се снимени на Ибица: Почна истрага против австрискиот канцелар Курц

Обидите за подмитување се снимени на Ибица: Почна истрага против австрискиот канцелар Курц

Австриското државно обвинителство за стопански криминал отвори истрага против австрискиот канцелар Себастијан Курц и шефот на неговиот кабинет Бернхард Бонели. Треба да испитаат дали наводно давале лажни изјави пред истражните органи околу аферата „Ибица“. Истрагата ја обелодени самиот канцелар и рече дека нема да даде оставка. 

„Јас сакам да продолжам со мојата работа, а истото важи и за мојот шеф на кабинетот“, рече Курц.

На прашање дали во случај да биде осуден ќе поднесе оставка, Курц рече дека малку е веројатно да дојде до обвинувачка пресуда.

„Тоа ни со најдобра волја не можам да го замислам“, рече Курц. 

Инаку очекува во секој момент да биде поднесено и обвинение против него.

Австриското државно обвинителство за стопански криминал ги сомничи Курц и Бонели за давање лажни изјави во врска со партиските донации.

Конкретно, се работи за тоа дека Курц и Бонели ги премолчиле политичките договори околу поставувањето на пријателот на Курц, Томас Шмит на чело на државниот холдинг ÖBAG, кој е сосопственик на компании како OMV или Телеком Австрија.Обидите за подмитување се снимени тајно во текот на еден состанок на Ибица, поради што и целиот комплекс прашања покренати во врска со тоа се наречени афера „Ибица“.


Слично

Поврзани вести