Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обид за терористички напад во трговски центар во Истамбул

Обид за терористички напад во трговски центар во Истамбул
Турската полиција и Националната разузнавачка агенција МИТ успеаа да спречат обид за бомбашки напад во трговски центар во Истамбул, соопштуваат турските медиуми. Двајцата осомничени напаѓачи кои претходно биле следени од полицијата биле спречени во намерата и уапсени во моментот додека се подготвувале за извршување на терористичкиот акт. За време на нивното апсењето кај нив била пронајдена поголема количина  експлозив. Според турски медиуми, кои се повикуваат на извори во полицијата, уапсените се членови на забранета левичарска група. Во исто време од групата негираа на Твитер дека подготвувале терористички напад.
Слично

Поврзани вести