ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан
Еден од терористите кои во петокот извршија напад во Москва во кој загинаа 143 луѓе, во Таџикистан бил осуден на затвор поради обид за силување на 13-годишно момче.
Руските медиуми пишуваат дека во 2015 година, терористот Шамсидин Фаридуни е осуден во Таџикистан на 5 години и 8 месеци за обид за силување на дете.
Таџикистанските власти уапсија девет лица оваа недела во врска со нападот на 22 март во концертна сала во близина на Москва, објавија локалните медиуми во петокот, цитирајќи извор од безбедносните сили.
Сите девет, наводно, се приведени на 25 март во населбата Вахдат во предградието на Душанбе.
Инаку, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, а вчера од оваа организација пак го пофалија нападот и најавија нови напади.Терористички напад од вакви размери досега немало во Русија.
Слично
