Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обид за напад со дрон имало на резиденцијата на Путин

Обид за напад со дрон имало на резиденцијата на Путин

Дрон се обиде да ја нападне резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин, објавија руските медиуми.

Како што пишува Москва тајмс, рано утрово беспилотни летала се обиделе да нападнат една од резиденциите на Путин. Противвоздушната одбрана соборила три беспилотни летала што се упатиле кон Москва, меѓу кои и едно што се распаднало и паднало на земја во селото Завидово, каде што се наоѓа резиденцијата „Рус“ на Путин. На видеото објавено од рускиот медиум Маш се гледа експлозија што го осветлува небото во близина на имотот.

Градот Завидово во областа Твер, на околу 110 километри северозападно од Москва. Путин има резиденција на 19 километри западно од Завидово. Тоа е резиденција од времето на СССР каде што водачите доаѓале да ловат. Путин ретко престојува во оваа резиденција.

Неговата главна резиденција е имотот Ново-Огариово, триесетина километри западно од центарот на главниот град Москва. Сепак, веста ќе ја вознемири елитата во земјата, вели британски Тајм.

Со месеци, Украина таргетира цели во Русија со дронови. Во една прилика, украинскиот разузнавач Кирило Буданов изјави дека воените злоторници ќе бидат казнети и дека го следат и Путин, дека се поблиску до него и дека тој е свесен за тоа. Пред повеќе од 18 месеци, Русија ја нападна Украина и војната уптре трае. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести