Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обид за државен удар и во Ерменија?

Обид за државен удар и во Ерменија?

Вооружена група го нападна полицискиот штаб во главниот град на Ерменија, Ереван при што еден човек загина.

Според првичните информации напаѓачите бараат ослободување на шефот на опозицијата.

Вооружената група со камиони минаа низ портите на седиштето на полицијата, по што ја презедоа контролата на објектот. Пред зградата пристигнале трупи на националната армија. Во скоро време се очекува изјава на шефот на полицијата во Ереван.

Се планирало заземање на неколку објекти и телевизија.

Локалните медиуми пишуваат дека шефот на локалната полиција го држат како заложник. Во моментов, според официјалното соопштение од властите, се преговора со вооружените групи за да се обезбеди нивно мирно предавање на властите, во изјавата се додава дека поддржувачи на напаѓачите шират лажни информации за „вооружен удар”, преку социјалните мрежи.

Слично

Поврзани вести