Обезглавениот човек во Франција бил работодавец на главниот осомничен
Четири лица, вклучувајќи го и главниот осомничен се уапсени за нападот во Франција. Ова го објавија од француското обвинителство, кое откри детали за нападот, пренесува „Гардијан“.
Главниот обвинител изјавил дека четворица соучесници се уапсени за нападот и дека веќе се сослушани. Осомничениот, неговата жена и сестра се дел од овие уапсени.
Обезглавениот маж бил работодавец на осомничениот, било соопштено од обвинителот.
Обвинителот истакнал дека телото на жртвата, која е на 54-годишна возраст, е најдено до автомобилот на осомничениот, каде е пронајден исто така и ножот со кое било сторено делото. Обезглавениот маж бил раководител на транспортна компанија.
Главниот осомничен е Јасин Сали. Тој е роден на 25 март 1980 година. Работел за истата транспортна компанија која е управувана од страна на убиениот маж. Сали има три деца и е женет. Не е осудуван. Од 2006 година француското разузнавање го следело Јасин Сали поради „радикални исламски активности“. Помеѓу 2011 и 2014 година француските служби го уапсиле за врски со групи во реонот на Лион.
На прес-конференцијата било соопштено дека дел од хангарот во фабриката е разрушен. За време на нападот имало 43 лица во американската фабрика.
13 од вработените се уште не можат да се ослободат од шокот.
