Обединетите нации со нови финансиски санкции кон Северна Кореја
Северна Кореја се соочува со нови санкции поради нуклеарната проба извршена во февруари.Советот за безбедност на Обединетите нации одлучи да воведе првенствено финансиски санкции како одговор на третата нуклеарна проба на Пјонгјанг, со цел Северна Кореја потешко да ја финансира нуклеарната програма.
Оваа резолуцијата е предложена од повеќе држави, како САД, Велика Британија, Јужна Кореја и Франција, а беше едногласно изгласана од 15 земји-членки.
Со новите санкции се проширува листата на физички и правни лица, Сметките ќе бидат замрзнати, а исто така нема да имаат право да ја напуштат Северна Кореја.
Слично
