Обединетите нации се мобилизираат за заштита од вселенските закани
Обединетите нации повикаа за формирање на Меѓународна мрежа за мониторирање на заканите од астероиди и други објекти што се блиску до Земјата, пренесоа светските агенции.
Експертите од канцеларија на ОН за вселенски работи на состанокот во Виена изјавиле дека ги предложиле условите за таквиот кординиран одговор и формирале две работни групи што ќе водат сметка за одбраната против големите објекти што ќе се закануваат да удрат во Земјата.
„Ние треба тоа да направиме подобро и за тоа треба самите да се подготвиме“, изјави Линдли Џонсон, која ја раководи програмата на НАСА за вселенски објекти во близина на Земјата.
Повод за состанокот во Виена е минатонеделниот удар на метеорит во Русија.
Со оглед на фактот што овој метеоритот имаше дијаметар од 15 метри, ОН се подготвуваат за објекти поголеми и од еден километар кои можат да предизвикаат страшни последици ако удрат на Земјата.
Сепак, смируваат експертите, нема ризик дека тоа може да се случи во следните 100 години.
