Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обединетите нации се пред финансиски колапс?

Обединетите нации се пред финансиски колапс?

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, упати писмо до сите 193 земји членки во кое предупредува дека светската организација се соочува со финансиски колапс. Финансиската криза се продлабочува и ја загрозува реализацијата на програмите, а постои реална опасност парите целосно да ги снема до јули годинава. Гутереш ги повика државите да ги подмират своите задолжителни плаќања или да се изврши итна ревизија на финансиските правила.

Оваа состојба следува по одлуката на Соединетите Американски Држави(САД), како најголем придонесувач, да престанат со плаќањето во редовниот буџет и буџетот за мировни операции, повлекувајќи се од неколку агенции со образложение дека се работи за залудно трошење на даночните обврзници. Покрај САД, и други земји членки доцнат со своите обврски или одбиваат да ги исплатат. Иако Генералното собрание на крајот на 2025 година одобри делумни промени во финансискиот систем, организацијата и понатаму се бори со недостиг на готовина, дополнително оптоварена со правилото за враќање на средства кои реално никогаш не биле примени.

Гутереш во писмото посочи дека, иако ОН и претходно имале финансиски проблеми, актуелната ситуација е суштински поразлична. Тој кажа дека одлуките за неисполнување на придонесите за редовниот буџет сега се и официјално објавени, без притоа да именува конкретни земји.

Генералниот секретар укажа и на парадоксот каде ОН мора да им ги вратат неискористените средства на членките ако не успеат да го реализираат предвидениот буџет, што создава двоен удар затоа што од организацијата се очекува да врати пари кои воопшто ги нема во касата. Тој вели дека итноста на ситуацијата е исклучително висока бидејќи не е можно да се извршуваат буџети со несобрани средства.

foto printsktin youtube

Слично

Поврзани вести