ОБДУКЦИИТЕ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД ПОКАЖУВААТ ЗАСТРАШУВАЧКИ РЕЗУЛТАТИ: Вирусот се репродуцира во сите органи
Ефектите од
новиот коронавирус не се ограничени на еден орган, докажуваат научниците.
Обдукциите извршени на починатите од овој вирус укажуваат на неговото постоење
во целото тело, вклучувајќи ги белите дробови, срцето, слезината, бубрезите,
црниот дроб, дебелото црево, градите, мускулите, нервите, репродуктивниот
тракт, очите, но и мозокот, наведува научната статија објавена ScienceAlert.
Во еден од случаите, остатоци од новиот коронавирус биле пронајдени во мозокот на починат пациент и тоа 230 дена откако лицето првпат почнало да доживува симптоми.
„Нашите податоци покажуваат дека кај некои пациенти, Ковид може да предизвика системска инфекција и да расте во телото со месеци“, заклучуваат авторите на студијата. Тие беа предводени од истражувачи од Националниот институт за здравје на Соединетите држави (НИХ).
Генетски информации
Во јули 2020 година, обдукциите покажаа докази за згрутчување на крвта во речиси сите витални органи на заразените со Ковид. Новото истражување на НИХ сега ги повторува и потврдува тие резултати подетално од кога било досега.
Студијата опфатила 44 обдукции. Во нив, истражувачите внимателно го открија и квантифицираа нивото на РНК од Ковид на 85 локации и течности. Оваа генетска информација покажува каде вирусот можеби се репродуцирал во текот на животот на една личност.
Во аутопсиите извршени од април 2020 до март 2021 година, истражувачите откриле дека постарите, невакцинирани луѓе кои починале од Ковид покажале изобилство знаци на репликација на корона на вкупно 79 локации и телесни течности.
Цело ткиво
Некои од промените беа очигледни во рок од две недели откако почнаа да се појавуваат првите симптоми. Белите дробови покажале најмногу воспаленија и повреди.
„Нашите резултати покажуваат дека вирусот може да се шири низ телото. Сепак, најголем товар на Ковид е во респираторните ткива“, заклучуваат истражувачите.
EPA-EFE/SEDAT SUNA