Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обамакер потфрли- шестмина пријавени првиот ден

Обамакер потфрли- шестмина пријавени првиот ден

Неверојатно слаб е интересот за програмата Обамакер, покажуваа податоците на Секретаријатот за здравство на САД кои подолг период одбиваше да објави точен податок за бројот на Американци кои купиле здравствено осигурување.

На 1 октомври, првиот ден од Обамакер, скоро пет милиони Американци се обиделе да ја отворат проблематичната интернет страницата хеалтхцаре.гов преку која може да се купи осигурување, но на крајот на денот само шестмина навистина купиле осигурување.

На крајот на вториот ден имало само 248 ново-осигурани граѓани. Обамакер е погодена од сериозни проблеми со пристапот до интернет страницата, која се уште не може сериозно да профункционира, еден месец по почетокот на програмата.

Но, во исто време, успехот на програмата зависи од привлекување на млади Американци, кои досега не купувале осигурување затоа што се здрави, но од почетокот на следната година ќе бидат принудени да го сторат тоа.

 Обамакер има за цел да осигура 30 милиони Американци, а во оваа фаза идејата е барем седум милиони граѓани да купат осигурување до почетокот на март, но првичните информации не даваат надеж дека оваа бројка ќе биде постигната.

Дополнително, Обамакер воведе нови, построги правила за пазарот на индивидуално осигурување – за околу 14 милиони Американци кои купуваат осигурување самостојно, а не преку своите работни места.

Компаниите деновиве масовно ги бришат граѓаните кои имаат индивидуални полиси и се стравува дека може дури половина од овие граѓани, кои досега биле осигурани, да останат без здравствена заштита која потоа ќе мора да ја купат преку нефункционалната интернет страница.

Слично

Поврзани вести