Обама: Знаевме дека Русија ќе ја нападне Сирија
Руската воена операција во Сирија не беше неочекувана за САД, бидејќи тие внимателно го следеле преносот на вооружувањето со помош на режимот на Башар Асад. Ова го изјави во интервју за програмата „60 минути“ на телевизијата „Си-Би-Ес“ претседателот на САД, Барак Обама, цитиран од агенциите.
„Знаевме дека Русија се подготвува да изврши воена помош во Сирија, бидејќи се плашеше дека режимот на Асад ќе пропадне“, изјавил Обама.
Тој ја опиша како несоодветна руската стратегија. „Додека Асад е на власт, ќе биде невозможно да се вклучат силите на умерената сириска опозиција во борбата против Исламската држава“, изјавил претседателот на САД.
Тој изрази уверување дека порано или подоцна исламистите во Ирак и Сирија ќе бидат ликвидирани, но затоа е потребно сунитското население во двете земји да се вклучи во борбата со „ИД“. Според Обама проблемот во Сирија не може да се реши со воени средства, туку само по политички пат со учество на сите клучни играчи.
Претседателот потврдил дека САД немаат намера да праќаат во Сирија копнени сили, но ќе продолжат со воздушните напади против „ИД“.
Обама ги отфрлил тврдењата дека САД ги губат позициите во Блискиот Исток, потсетувајќи дека се наоѓаат во регионот американски воени бази и авионите над небото на Сирија и Ирак. Тој ги отфрлил и предлозите на САД да испратат во Сирија воени сили, истакнувајќи дека тоа само ќе доведе до смртта на уште американски војници и до трошењето на уште еден трилион долари.
