Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама загрижен за економијата по Брегзит

Обама загрижен за економијата по Брегзит

Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека очекува светската економија да биде стабилна краткорочно по одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ.

Сепак тој изрази загриженост за долгорочниот глобален раст. На прес-конференција во Отава вчера по северноамериканскиот самит со лидерите на Мексико и Канада, Обама изјави дека благодарение на подготвеноста на централните банки и министерствата за финансии е обезбедена краткорочна стабилност на глобалната економија.

„Мислам дека, сепак, има некои долгорочни стравувања за глобалниот раст, ако Брегзит всушност се реализира и тоа ги замрзне можностите за инвестирање во Велика Британија или во Европа како целина. Во време кога нивоата на глобалниот раст веќе се слаби, тоа не помага" - рече Обама.

Претседателот додаде дека лидерите на земјите од Г-20, кои ќе се состанат во Кина, ќе треба да направат напори за зајакнување на глобалната побарувачка и зајакнување на глобалната економија.

Повлекувањето од меѓународните трговски договори нема да помогне за намалување на економската нееднаквост, бидејќи глобализацијата, интеграцијата на националните економии веќе постои, тоа е завршена работа, рече Обама.

Слично

Поврзани вести