Обама за Путин: Oтсекогаш бил некој кој е завиткан во извртено, искривено чувство на неправичност и етнички национализам
Путин отсекогаш бил безмилосен кон својот народ, како и кон другите, вели поранешниот американски претседател Барак Обама.
Тој во интервјуто емитувано денеска на Ен-Би-Си изјави дека рускиот претседател Владимир Путин постапува непромислено.
„Тој отсекогаш бил некој кој е завиткан во извртено, искривено чувство на неправичност и етнички национализам“, рече Обама.
За она што денес се случува во Украина вели дека опасноста одамна била тука.
Обама одби директно да одговори на прашањето дали, во ретроспектива, би постапил поинаку додека бил на функцијата, вклучително и кога Русија го анектираше Крим во 2014 година. Денеска е 48-от ден од почетокот на војната во Украина.
Слично
