ОБАМА: „За да има мир, Асад треба да се повлече“
Башар Асад треба да се повлече од функцијата, за да може да се врати редот и да се прекине пролевање на крв во државата, како и за да можат сите вмешани групи да продолжат понатаму со преговорите. Тоа го изјави американскиот претседател Барак Обама за време на последната прес-конференција за оваа година во Вашингтон.
„Нема како да има мир во Сирија без легитимна влада“, категоричен беше тој. Според зборовите на претседателот треба дипломатско решение кое ќе овозможи интересите на Русија и Иран да бидат заштитени. Главна тема на неговиот говор беше токму борбата против тероризмот. Тој увери дека безбедносните служби прават сé што е можно за да ги неутрализираат можните закани.
"Ќе ги победиме ИДИЛ, постои стабилен напредок во таа насока", рече уште Обама, цитиран од NovaNews. По завршувањето на конференцијата американскиот претседател замина за Сан Бернардино, за да се сретне со семејствата на жртвите по терористичкиот чин.
