Обама во обид да избегне „фискална бездна“
Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе се сретне со претставници на законодавниот дом како последна шанса да се избегне „фискалната бездна“ и нова економска криза во земјата. Вашингтон соопшти дека тој денеска во Белата куќа ќе се сретне со лидерите на демократската и на републиканската партија во Сенатот и Претставничкиот дом. Ако Белата куќа и пратениците не постигнат договор за новиот буџет до 31 декември, на сила ќе стапи зголемувањето на даноците и намалувањето на расходите во вкупна вредност поголема од 600 милијарди долари, што може да поттикне нова економска криза во САД.
Досегашните обиди на Обама да постигне договор со законодавците, не успеаја. Републиканците не се согласуваат со основното барање на демократите за зголемување на даноците за богатите, а демократите го одбиваат барањето на републиканците за кратење на некои владини програми.
Иако претседателот Обама освои нов 4-годишен мандат, неговата Демократска партија нема мнозинство во Конгресот за да го изгласа буџетот без подршка од републиканците.
Слично
