Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама во Лондон ги убедува Британците да не се откажуваат од ЕУ

Обама во Лондон ги убедува Британците да не се откажуваат од ЕУ
Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Лондон на официјална посета, за време на која ќе се обиде да ги убеди британските гласачи да не се откажуваат од членството во Европската унија. Посетата се одвива два месеци пред 23 јуни, кога ќе биде распишан референдум за британското членство во Унијата. Денес на Обама во Лондон ќе му се приклучи и првата дама Мишел и двајцата ќе ручат со британската кралица Елизабета Втора, ден откако таа наполни 90 години. Кралицата одби да патува до Лондон за да се види со американскиот претседател, па морал тој да патува до Замокот Уинсдор, за да се оствари средбата, пишува американски The Sun. Денес претседателската двојка ќе присуствува и на вечера, на која домаќини ќе бидат принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин и принцот Хари. Американскиот претседател Барак Обама ќе има разговор и со британскиот премиер Дејвид Камерон. Се очекува токму за време на оваа средба американскиот претседател да изрази мислење дека е против излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Слично

Поврзани вести