Обама во историска посета на Куба
Барак Обама е прв американски претседател кој после 88 години ќе ја посети Куба.
Тој побара САД да ја тргне Куба од листата на земји кои спонзорираат тероризам. Обама полета од воздушната база Ендрјуз кај Ваштингтон. Во пресрет на неговото доаѓање во Хавана, полицијата уапси педесетина луѓе кои протестираа против комунистичката влада во Куба. Демонстрациите пред една црква каде се собираат секоја недела, ги предводеа „дамите во бело“, организирана група од вдовици на поранешни политички затвореници во Куба. Во Хавана се обновуваат фасадите на зградите, има полициско обезбедување, американски знамиња и постери на кои Обама е со кубанскиот претседател, Раул Кастро.
Слично
