Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама вети: Просперитет на средната класа и менување на статусот на богатите!

Обама вети: Просперитет на средната класа и менување на статусот на богатите!

Американскиот претседател Барак Обама положи заклетва за вториот мандат како шеф на државата на јавната церемонија пред Капитол Хил во Вашингтон.

„Јас Барак Хусеин Обама се колнам јавно дека чесно ќе ја извршувам мојата должност како претседател на САД и со сите мои сили ќе го чувам, бранам и заштитувам Уставот на САД. Нека Бог ми помага“, изјави Обама.

Во 18-минутниот говор пред илјадниците учесници на јавната инаугурација 44-от американски претседател ги изнесе приоритетите на неговиот втор мандат. „Свесни сме дека кога се менуваат времињата, треба да се менуваме и ние, дека нашата посветеност на основните принципи бара на новите предизвици да одговориме со нови начини“, рече Обама.

Тој повика за нови идеи и техники за реформирање на владеењето, на даночните правила, за образовни реформи и за поголем пристап на граѓаните до знаењето и умешностите, кои се неоходни за поефикасно работење, како и за поголеми спознанија и достигнувања.

„Ќе треба да донесеме тешки решенија за ограничување на федералниот дефицит и трошоците за здравството, земјата ќе работи и за справувањето со заканите од климатските промени, со тоа што ќе продолжи да се движи по патот на стабилна енергетика“, рече претседателот. Обама истакна дека ќе ги штити американските вредности во светот преку силата на оружјето и владеењето на правото,  а зборуваше и за менување на системот, во кој богатите управуваат со земјата. Претседателот на САД  повика за поголема насоченот кон просперитетот на средната класа, отколку кон  малубројната елита и ги повика политичарите да ги надминат несогласувањата и да се насочат кон решавање на економските проблеми. Обама вети дека ќе се изгради општество во кое „и најсиромашните деца и најсиромашните семејства ќе имаат можност да успеат“.

По прашањето на долгот и дефицитот кој ја дефинираа политичката борба меѓу Обама и републиканците претседателот кусо кажа дека дефицитот мора да се намали, но воедно силно ги бранеше социјалните програми како извор на сила и како гарант на силата и сигурноста во американското општество.

Настанот мина под силно полициско обезбедување, а студениот јануарски ден не ги обесхрабри стотиците илјади Американци од сите делови на земјата да се соберат пред Конгресот, како и по Авенијата Пенсилванија, по која се движеше инаугурациската парада.

Слично

Поврзани вести