Обама уверува: 2013-та ќе биде година на економски раст, економистите скептични!
Американскиот претседател Барак Обама најавува дека 2013 може да биде година на солиден економски раст, за што веќе има позитивни сигнали во секторот на недвижности, во индустријата и во отворањето нови работни места.
„САД треба да ги намалт трошоците за здравствена заштита и да ги затворат „дупките“ во даночниот систем што ги користат компаниите и богатите“,изјави за време на редовното неделно обраќање до нацијата.
Сепак економистите не се тилку оптимистични во проценките. Тие укажуваат дека и покрај позитивните сигнали од секторот за недвижности, зголеменото индустриско производство и најавите за нови вработување, сепак останува стравот околу перспективите на економскиот раст. Ова го потврди и неодамнешното објавување на стапката на невработеност во САД која во јануари порасна на 7,9 отсто од декемвриските 7,8.
