Обама со став: На Европа и треба договор за слободна трговија
Европа никогаш немала поголема потреба од трансатлантски договор за слободна трговија, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама во своето обраќање во Белата куќа.
Тој истакна дека европските економски тешкотии и проблеми во изнаоѓањето на поттикнувачи на раст прават европските лидери да бидат поотворени за договори за слободна трговија.„Сметам дека Европа моментално се соочува со тешкотии во изнаоѓањето рецепт за раст, особено пореди мерките за штедење кои се спроведуваат низ целиот континент“, посочи Обама.
Според американскиот претседател, партнерството за трансатлантска трговија и инвестиции ќе резултира со создавање на најголемата зона на слободна трговија во светот, либерализирање на инвестициите и хармонизирање на прописите, економски раст и вработувања.
Слично
