Обама: САД подготвени да помогнат за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас
Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и изразил подговеност САД да помогнат во постигнување на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
Обама се слушнал со Нетанјаху во момент кога Израел ги интензивираше нападите врз Појасот Газа, во обид да одговори на ракетирањето на израелска територија од страна на Хамас.
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател го осудил ракетирањето и рекол дека Израел има право на самоодбрана. Но, тој исто така апелирал до двете страни да не ја ескалираат дополнително кризата и повторно да го воспостават нарушеното примирје.
На терен, судирите меѓу Израелците и Палестинците продолжуваат со несмалена жестокост. Три лица се повредени кога ракета на Хамас погодила бензинска пумпа на југот на Израел. Нападот се случил во јужното пристаниште Ашдод.
Од друга страна, шестмина Палестинци загинаа во два израелски напади врз куќи во Појасот Газа. Меѓу загинатите е и една жена, а повредени се 15 лица. Цел на нападот била куќата на еден припадник на палестинското радикално движење Хамас.
Слично
