Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама: САД не се во војна со исламот

Обама: САД не се во војна со исламот

Претседателот на САД Барак Обама изјавил денеска дека САД не се во војна со исламистите, туку со луѓето кои ја изопачиле верата.

Тој изјавил дека припадниците на екстремистичката исламска држава и терористичката мрежа на Ал Каеда не се верски лидери, туку се терористи, пренесе Ап.

Говорејќи на конференцијата за борба против насилниот екстремизам кој била одржана во белата куќа, Обама изјавил дека ниедна вера не е одговорна за насилствата и тероризмот и додал дека сака да истакне толеранција во САД и пошироко.

Американскиот претседател вети дека ќе вложи напор за да ги спречи терористите да регрутираат нови борци.

Слично

Поврзани вести