Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама прогласи вонредна состојба во Северна Каролина

Обама прогласи вонредна состојба во Северна Каролина

Претседателот на САД, Барак Обама прогласи вонредна состојба во државата Северна Каролина, низ која викендов помина ураганот Метју, соопштува Ројтерс, повикувајќи се на изјава на Белата куќа.

Решението овозможува да се обезбеди федерална помош за погодените жители во десет окрузи, погодени од невремето.

Околу 2.000 жители на градот Ламбартан беа блокирани во своите домови или бараа помош на покривите, откако градот одеднаш беше преплавен од надојдените води на реката Ламберт вчера изутрина. Се очекуваат големи поплави во наредните денови во населените места во Пореч на реките Ламберт, Кејп Фиар и Тар.

Властите во округот Ленор издадоа наредба за задолжителна евакуација на населението.

Околу 1,1 милиони луѓе и понатаму се без електрична енергија во државите Флорида, Џорџија, Северна и Јужна Каролина и Вирџинија. 


Слично

Поврзани вести