Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама: Продолжуваме со ловот на терористи

Обама: Продолжуваме со ловот на терористи
Американскиот претседател Барак Обама, во своето годишно обраќање пред Конгресот истакнал дека САД го задржуваат „правото да делуваат еднострано“ во ловот на терористи. Тој го повикал Конгресот да усвои резолуција со која ќе одобри употреба на сила против припадниците на Исламската држава. Меѓутоа, Обама нагласил дека неговата администрација ќе продолжи да „ги отфрла навредливите стереотипи за муслиманите“. Американскиот претседател ги повторил своите уверувања дека САД ќе преговара за договор за спречување на Иран да произведе нуклеарно оружје, дека негова одлука е да стави точка на долгогодишната политика на Вашингтон и Куба како и дека „ќе се обиде да направи нешто ново“, а ќе продолжи со планот за затворање на затворот во Гвантанамо и со реструктуирање на употребата на безпилотните летала, наведува „Би Би Си“. Обама ја предупредил и Русија дека поддршката на САД за Украина била демонстрација на американската сила и дипломатија која резултирала со изолација на Русија и доведување на нејзината економија до распад, наведува „АФП“. „Ќе продолжиме да го поддржуваме принципот според кој поголемите нации не може да бидат насилници врз помалите – спротиставувајќи се на руската агресија, поддржувајќи ја украинската демократија и поддржувајќи го својот НАТО сојузник“, рекол Обама во своето обраќање во американскиот Конгрес.  
Слично

Поврзани вести