Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама призна пред блогерите дека сака да е Хан Соло

Обама призна пред блогерите дека сака да е Хан Соло

Барак Обама би сакал да е Хан Соло, ако можеше да избира под кожата на кој лик од „Војна на ѕвездите“ да влезе.

Американскиот претседател признава „бунтовничка“ во шверц пилот и борец за правда. Ова признание претседателот на САД го направи пред тројца од најпознатите блогери во мрежата за видеосподелување „YouTube“.

Обама призна дека сеуште не го гледал новиот филм од серијалот „Моќта се буди“, за време на интервју во Белата куќа. Сепак претседателот на САД призна дека е огромен фан на вселенската сага и раскажал како ги гледал филмовите како тинејџер.

„Бев 14-15 години и одев во кино токму до нашата куќа“, изјавил американскиот претседател. Запрашан кој лик од „Војна на ѕвездите“ сака да биде, Обама одговори, „Хан Соло, бидејќи е добар бунтовник“.

Херојот на Харисон Форд е шверцер, но има романтична врска со принцезата „Leia“ и под цинична обвивка го крие големо срце и солидни принципи.

Слично

Поврзани вести