Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама призна дека згреши!

Обама призна дека згреши!
Американскиот претседател Барак Обама призна дека САД го потцениле фактот оти хаосот во Сирија може да изроди опасни џихадистички организации како Исламската држава. Зборувајќи на каналот Си-Би-Ес Њус, Обама ја нарече Сирија „нулта точка за џихадистите од цел свет“. „Првиот човек на нашата разузнавачка служба Џим Клапер призна дека ги потценивме настаните во Сирија“, рече Обама. На прашањето дали Вашингтон ја преценил способноста и волјата на ирачката војска да се борит против џихадистите, американскиот претседател одговорил дека и тоа е точно. Според Обама, Исламската држава силно го зацврстила своето влијание на социјалните мрежи и во Европа, Америка, Австралија и муслиманските земји привлекува нови приврзаници. Тој додал дека дел од решението на овој проблем е веоно, со воздушните напади кои ги изведува антиџихадистичката коалиција, и со кои на Исламската држава треба да и се одземе територија и средства. Но, во другиот дел Сирија и Ирак треба да ги решат своите внатрепни политички кризи за да можат да се справат со заканата од џихадистите, смета Обама. Ирак, по заминувањето на американската војска е поделен меѓу сунитите и шиитите, додека во Сирија од 2011 година трае крвава граѓанска војна.  
Слично

Поврзани вести