Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама пристигна во Кенија

Обама пристигна во Кенија

Претседателот на САД, Барак Обама пристигнал вечерва во Кенија, која е татковината на неговиот татко, пренесоа агенциите.

Ова е прва посета на Обама во земјата по неговиот избор за претседател.

Тој ќе учествува на конференција за развојот на претприемништвото во Африка.

Заедно со бизнисот и инвестициите ќе бидат дискутирани и безбедноста и борбата против тероризмот.

Форумот ќе се одржи во Најроби.

Се очекува Обама да се сретне со своите роднини во Кенија. Набљудувачите коментираат дека за него ова патување е враќање кон корените.

По Кенија американскиот претседател ќе ја посети Етиопија.

Слично

Поврзани вести