Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама праќа 3000 војници во Африка да се борат со еболата!

Обама праќа 3000 војници во Африка да се борат со еболата!

Американскиот претседател Барак Обама ќе прати 3000 припадници на војската на САД во западна Африка да се вклучат во борбата против ширењето на вирусот ебола, се дознава од официјални извори во Вашингтон.

Обама би требало да го претстави својот акционен план во текот на посетата на националниот Центар за контрола и превенција на болеста во Атланта, во американската сојузна држава Џорџија.

Најголемиот број на американска помош ќе биде распореден во Либерија, земја која покрај Гвинеја и Сиера Леон најмногу е погодена од епидемијата на ебола. Центарот за координација на помош ќе биде во Монровиј, главниот град на Либерија.

Американските војници ќе учествуваат во изградбата на центарот за лечење на заболени, а владата на САД ќе помогне во обуката околу 500 здравствени работници неделно, вклучувајќи го и персоналот кое ќе учествува со тие центри.

Планирано е во регионот да бидат организирани 17 здравствени центри со по 100 кревети.

САД досега издвоиле 100 милиони долари за сузбивање на епидемијата, а администрацијата на претседателот Обама побарала од Коннгресот додатни 88 милиони долари за борба против таа болест. Американската организација за меѓународен развој УСАИД најавила дека за тие цели ќе издвои 75 милиони долари.

Слично

Поврзани вести