Обама повторно ќе ги вооружа сириските бунтовници
Администрацијата на Обама предвидува нова програма за вооружување на сириските бунтовници кои ќе имаат задача да се борат против владините сили на Башр ал Асад како и да не дозволат терористичките организации како Ал Нусра и Исламска држава да го завземат просторот.
Итното вооружување на така наречената умерена опозиција доаѓа по конфликтот со руската страна која се уште силно го поддржува режимот на Асад и нуди воена асистенција со воздушни напади кои се одвиваат повремено како и со разузнавачки информации на терен.
Планот на Обама за вооружување на сириската опозизија е надградба и на претходно донесената одлука за распоредување на околу 300 припадници на елитните специјални единици на САД кои заедно ќе извршуваат воени операции.
