Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама од Меркел бара конечно решение за долгот на Грција

Обама од Меркел бара конечно решение за долгот на Грција
Една недела откако беше реизбран, претседателот на САД побара во телефонски разговор со германскиот канцелар Ангела Меркел конечно решение за должничката криза во еврозоната и итни процедури за решавање на грчкото прашање, пишува весникот Прото тема. - Треба да има конечно решение за Грција и еврозоната, навел Обама во вчерашниот разговор. Американските медиуми објавија во поддршка за ново отпишување на дел од долгот на Грција и против позицијата на Берлин дека треба да се продолжи рокот на програмата. Дилемата со која е соочена Европа е простување на долгот или банкрот на Грција и нејзино излегување од еврозоната, наведуваат дел од американските медиуми. Германски медиуми продолжуваат да се спротиставуваат дека нов отпис на долгот ќе биде скапо платен од германските даночни обврзници. Според Шпигел, цената што ќе ја плати Германија би била 17,5 милијарди евра.
Слично

Поврзани вести