Обама нема право на iPhone од безбедносни причини
Претседателот на САД, Барак Обама, призна дека нема право да има iPhone од безбедносни причини , но истакна дека двете негови ќерки се страстни обожавателки и на мултимедијалниот телефон на компанијата Apple , пренесе Франс прес .
Ова признание Обама го направи за време на состанокот во Белата куќа со млади кои тој се обидуваше да ги убеди да склучат здравствено осигурување по силата на неговата нова здравствена реформа .
"Имам чувство дека многумина од вас трошат над 100 долари за интернет и телефони месечно. Мислам дека сте доволно паметни за да не се откажувате од безбедноста , која ја дава едно здравствено осигурување , а која ќе ви излезе поефтино " , изјави Обама .
Откако дојде на власт , Обама го задржи правото да има посебен модел телефон Блекбери , кој сепак е адаптиран од Сикрет сервис , така што да биде заштитена од хакерски упади и од обиди за геолокализација . Во минатото Обама призна дека ужива и iPad на Apple .
Слично
