Обама не е уверен дека Русија може да помогне за прекин на војната во Сирија
Претседателот на САД Барак Обама изрази исклучителни сомнежи дали САД може даi веруваат на Русија како партнер за прекин на граѓанската војна во Сирија, пренесе радио „Voice of America“.
„Јас не сум убеден дека можеме да им веруваме на Русите и Владимир Путин, поради што ние треба да тестираме дали може или не да има реално прекин на непријателствата“, рече Обама на прес-конференција по состанокот со членовите на Советот за национална безбедност.
Според него Русија е можно да не може да помогне за запирање на насилството . „или затоа што не сака, или затоа што нема доволно влијание врз Асад“. „Затоа ние ќе тестираме. Ние не се впуштаме во тоа со капаци на очите“, додаде тој.
Слично
