Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама: НАТО си оди од Авганистан но земјата останува „опасно место“

Обама: НАТО си оди од Авганистан но земјата останува „опасно место“
Американскиот претседател, Барак Обама, го поздрави крајот на воената мисија на НАТО во Авганистан, но предупреди дека земјата и понатаму останува „опасно место“. „Повеќе до 13 години, уште откако ни беа одземени речиси три илјади невини животи на 11 септември 2001 годин, нашата нација војуваше во Авганистан“, се вели во соопштението на Обама, пренесува АФП. Американскиот претседател напоменал дека воената мисија во Авганистан, која претставува и најдолга војна во историјата на Америка, завршува на одговорен начин благодарение на исклучителни жртви на Американците во униформа. Мисијата на Меѓународните сили за помош и безбедност (ISAF), од каде од почетокот на операциите во Авганистан загинаа 3.485 припадници од први јануари 2015 година ќе биде заменета со мисија за „обука и поддршка“ предводена од НАТО. Неодамнешните крвави напади, меѓутоа, ги поддржуваат тврдењата дека екстремизмот во Авганистан бележи пораст, а државата се соочува со нов бран насилства.
Слично

Поврзани вести