Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обама: Напаѓачот од Далас е „луд“

Обама: Напаѓачот од Далас е „луд“

Aмериканскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека снајперистот кој уби петмина полицајци во Далас, бил „луд“ и тој не ги претставува Афроамериканците.

„Пореметената личност, која го изврши нападот во Далас, ги претставува Афроамериканците колку што стрелецот во Чарлстон ги претставуваше белите Американци”- кажа Обама.

Тој ја начна и темата за недостатокот на строги закони за оружјето и се сврте кон сонародниците со зборовите: „

Ако сте заинтересирани за безбедноста на нашите полицајци, тогаш не можете да го оставите настрана прашањето за оружјето и да се преправате дека тоа е без значење“- рече тој.

Според истрагата, убиецот е американски воен резервист кој досега неколку пати бил на задача во Авганистан. Од полицијата соопштија дека во неговиот дом било пронајдено оружје, муниција и материјали за подготовка на бомби.

Слично

Поврзани вести