Обама му ветил на Оланд дека ќе стави крај на прислушкувањето
Американскиот претседател Барак Обама и неговиот француски колега Франсоа Оланд разговарале по телефон за откритијата на Викиликс за американско прислушување на тројца француски претседатели, пренесоа светските агенции.
Во телефонскиот разговор Обама му повторил на Оланд за ангажманот на САД да стават крај на праксата од минатото, и се сметаат за неподобни меѓу сојузниците во областа на шпионажа, пренесе „Франс прес“, повикувајќи се на соопштение на француското претседателство.
„Викиликс“: САД ги шпионирале тројцата последни француски претседатели
Разговорот бил по иницијатива на Оланд и следат откритијата на Викиликс во печатот за американска шпионажа на тројца француски претседатели од 2006 година до 2012 година.
Телефонскиот повик бил повод за двајцата лидери да разговараат за принципите кои треба да ги раководат односите меѓу сојузниците по прашањето за разузнавањето, се наведува во соопштението.
Претседателот Обама ја повтори недвосмислено својата цврста решителност, во ноември 2013 година по аферата со Едвард Сноуден и потсетува за време на државната посета на Франсоа Оланд во САД во февруари 2014 година, имено, дека САД ќе стават крај на практиките кои постоеле во минатото и кои се неприфатливи меѓу сојузниците, се прецизира во соопштението во врска со телефонскиот разговор.
Француските разузнавачки шефови во брзо време ќе го посетат Вашингтон, за да ја продлабочат соработката во оваа насока, дополнува „Франс прес“.
